Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен битолчанец кој пукал во куче, а погодил “голф“

Приведено лице во Битола за предизвикување на општа опасност, пронајдени пушка и куршуми.

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола поради сомнение за сторено кривични дело „предизвикување на општа опасност” по чл. 288 од КЗ извршиле претрес, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Битола, во дом и други простории кај лице од Битола, при што се пронајдени и одземени една малокалибарска пушка и 9 куршуми.

Претходно, вчера, околу 12.30 часот во СВР Битола 50 годишно лице од Битола, пријавил дека додека како такси возач бил паркиран во населба Горно Оризари во Битола со патничко моторно возило “голф“ со битолски регистарски ознаки, слушнал истрел, а куршумот го оштетил задниот дел од возилото.

По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода лицето, кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.