На еден ден пред стартот на Првата женска фудбалска лига, ЖФК Топ гол до Битола ги презентираа резентираа своите цели и амбиции за престојната прволигашка сезона. Во воведното коло екипата на Топ гол гостува екипата на Речица, а натпреварот ќе се одигра на Фудбалското игралиште во Речица (Кумановско).
За тоа што очекуваат од наредната фудбалска сезона како повратници во најквалитетното женско фудбалско друштво во кое се вратија експресно, без пораз, зборувавме со шефот на стручниот штаб Кире Грбевски, капитенот Маргарита Талевска и Георгина Димитровска.-Со нетрпение го очекуваме стартот на новата сезона. Новитет сега е што се игра трокружен систем и не очекуваат 27 натпревари во првенството и плус во Куп натпреварувањето. Имаме јасна цел оваа сезона да опстанеме во лигата и повисок пласман во Куп натпреварувањето. Што се однесува до играчкиот кадар во нашите редови ја вративме Елена Љондевска, новајлија во тимот е Деспина Пауновиќ кој минатата сезона настапуваше за Борец и во финална фаза на преговори сме со две фудбалерки за кои се очекуваа да пристап до крајот на преодниот рок. Наша мисија и визија е развој и на младите фудбалерки и ќе продолжиме со голема посветеност и стручна работа во младинскиот погон, изјави Кире Грбевски.
Маргарита Талевска ќе ја носи капитенската трака за саботниот натпревар и ќе ја предводи екипата во стартна победа.-Атмосфрата во клубот е одлична, се подготвувавме добро и одигравме неколку контролни средби. Очекувам секоја од нас да го даде својот максимум и да славиме победи.
Стандардниот првотомец минатата сезона Георгина Димитровска ни изјави:-Силно сме мотивирани за утрешниот натпревар, задоволни сме од управата и стручниот штаб за условите за работа и новата опрема која ќе ја користиме оваа сезона. Оваа екипа, неколку години е заедно и се познаме добро. Сезоната е долга и од секоја од нас се бара максимална посветеност.
Претходно фудбалерките на Топ Гол во престер на прволигашка сезона направија фотосесија и ја промовира новата спортска опрема.
С.Р.