Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: прилепчанец во Битола возел со 5,01 промил алкохол во крвта

Во текот на изминатата вечер (27.08.2023) во периодот од 00.00 до 05.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 18 возачи.

Во Битола е санкциониран и возач од Прилеп кај кого се измерени 5.01 промили алкохол.

За време на контролата биле санкционирани и 35 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот. 

More from ВестиMore posts in Вести »