Библиотеката “Св. Климент Охридски“ од Битола во рамките на својата програма за работа на битолчани, на членови на библиотеката и на сите заинтересирани наскоро ќе им понуди нова содржина.
Се работи за “дневна соба“ која ќе понуди Слободен интернет пристап, книги, бестселери, сликовници, странска популарна литература, дневен печат, секаков вид списанија, стручна литература за квалитетно поминување на слободното време, можноста за друштвени игри, литература по области, информации и предлози за читање, помош при пребарување, изложби, работилници, курсеви, клуб на читатели, можноста за волонтирање во библиотеката со посебни привилегии, закажување на средби, фото сесии, како и нови библиотечни програми по избор на корисниците.