Press "Enter" to skip to content

Битола и патеката на “Трчај бе“ со сертификатот “AIMS“ кој им го додели Светската атлетска федерација

Битола и патеката на “ТРЧАЈ БЕ“ од оваа година го поседуваат највисокиот светски сертификат, признат од Светската атлетска федерација, познат како AIMS. Со овој сертификат, сите постигнати резултати на овие трки ќе бидат меѓународно признати. 

На 27 август, во Битола дојде сертифицираниот експерт за мерење на патеки, Борут Подгорник, и го изведе мерењето на патеките за 10К и 21К.

Последните подготовки за 3 септември и трите “ТРЧАЈ БЕ“ трки, од кои полумаратонот е Балканско и државно првенство се при крај. Наскоро и ексклузива, кои се меѓународните атлетски ѕвезди кои доаѓаат во Битола.

-Имаме одлични вести за раст на нашата трка, според имињата кои доаѓаат. Ќе ги објавиме наскоро, објавија организаторите на своите социјални медиуми.

Ова е досега најголемото издание на оваа трка која годинава слави 5 години, трка која за многу брз период се наметна како една од водечките во државата и регионот.

На 3 септември, градот ќе биде под посебен сообраќаен режим, а се покануваат сите граѓани да дадат поддршка на учесниците кои ќе ја истрчаат Битола, а доаѓаат од над повеќе од 40 земји.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »