Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана, сообраќајка со повредено лице

На 28.08.2023 на ул„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола  лишиле од слобода две лица на возраст од 21 и 29 години, двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив едното лице била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.08.2023 во 20.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, кај крстосница пред РЕК Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 48 годишник од Битола и товарно моторно возило „волво“ со албански национални ознаки, управувано од 66 годишно лице од Република Албанија. Во несреќата, возачот на фордот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »