Најновото засилување на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, десното крило, Богдан Радивојевиќ, попладнево пристигна во Битола и веднаш дојде во спортската сала “Боро Чурлевски“ каде неговиот нов тим имаше тренинг.
Се запозна со своите нови клубски другари, стручниот и медицинскиот тим и управата на клубот, за задолжи клубската опрема, направи фото сесија и утре ќе патува со екипата на “Турнирот на пријателството“ во Сакарија каде битолчани играат во полуфиналето со Веспрем.Богдан Радивојевиќ кој има 30 години и титула поранешен европски првак заедно со Ненад Костески ќе бидат закана за противничките голмани по десната страна.