Општина Битола од утре започнува со градежни активности на втора фаза за комплетна реконструкција на ул. „Солунска“ во Битола, почнувајќи од спојот на ул. „Солунска“ со ул. „Тошо Даскало“.
Се известуваат граѓаните дека ќе се воспостави времен режим на сообраќај, согласно предвидениот сообраќаен проект.
За таа цел, се молат граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да имаат трпение за време на градежните активности.
Општина Битола ќе постапи според сите законски обврски за почитување на зададените временски рокови за изведба кон изведувачите, со цел навремено одвивање на градежните работи.