Еурофарм Пелистер – Војводина 27:33
Еурофарм Пелистер од Битола го освои четвртото место на “Турнирот на пријателството“ во турска Сакарија, откако беше поразен од Војводина во “малото финале“, за трето место, со резултат 33:27, полувреме 15:14. Ова беше втор пораз во два дена по вчерашниот од Веспрем.
“Малото финале“ беше резултатски отворено рамноправно, а Еурофарм Пелистер од 4:4 поведе со 6:4, а потоа имаа и 8:6. Војводина потоа израмни на 10:10 и се продолжи со “реми“ 12:12, а потоа во 25. минута новосаѓани имаа гол предност 13:12, а на одмор се отиде со 14:5.
Во второто полувреме по 5 минути игра Војводина дојде до 2 гола предност 19:21, а во 48. минута имаше и +5 (20:25), а на крај на натпреварот “пелистерци“ имаа негатива од 7 гола (23:30).
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер бешше Павле Атанасијевиќ со 8 гола, Цветан Кузманоски постигна 5, а Денис Васиљев 4 гола.