Денеска (02.09.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 19 годишник од Битола. Тој се сомничи дека денеска одзел накит од лице од Австралија, со престој во Битола. Лицето било приведено во Полициската станица Битола и во службен разговор го признало делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.09.2023 во СВР Битола, малолетник од Битола, во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, пријавил дека во домот, неговите родители агресивно се однесувале кон него поради тоа што претходно го пријавил својот татко во полициска станица за физички напад и нанесена повреда. Малолетникот бил предаден на Центарот за социјални работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.09.2023 во 17.10 часот на ул. „Широк Сокак“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 28 годишно лице од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.09.2023 во 23.30 часот на ул. „Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 37 годишник од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.09.2023 во 13.30 часот во СВР Битола, П.Б. (43) од Битола, пријавил дека на ул.„Партизанска“ бил каснат од куче скитник.
На 01.09.2023 во 14.30 часот во Полициското одделение Новаци, В.Ј.(59) од Битола пријавил дека во кругот на РЕК “Битола“ бил каснат од куче скитник.