Press "Enter" to skip to content

Дарио Ивановски со нов државен рекорд поставен во Битола, на “Трчај бе“ (фото)

Дарио Ивановски од Скопје  е победник на Балканското првенство во полумаратон што денес се одржа во рамки на “Трчај бе“ во Битола на 21 километар, со време од еден час, четири минути и 45 секунди.Со ова време Ивановски има нов рекорд во полумаратон во машка конкуренција во Македонија. 

Второпласиран на 21 километар е Ахмет Алканоглу од Турција со време 1:06:25, а трет е Стефан Иулис Гавлила од Романија со време 1:07:42.Во женска конкуренција победи фаворитот кој го најавија организаторите, Луиза Гега од Албанија која е и актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчез и финалистка на последното Светско првенство, со време од еден час, 14 минути и 30 секунди.Второто место во женска конкуренција го освои го освои Маринела Нинева од Бугарија со заостанување од 53 секунди, а трета е нејзината сонародничка, Девора Аврамова. На Државното првенство во полумаратон каде во машка конкуренција на првите три места избија Дарио Ивановски, Жан Тосев и Мартин Трајановски, а во женска конкуренција прва беше Тамара Јолевска-Попов, втора Марија Остојиќ и трета Жанета Богатиновска-Илиева.

More from ВестиMore posts in Вести »