Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: уапсен битолчанец по потерница за издржување казна затвор

На 03.09.2023 на ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, лишиле од слобода 52 годишно лице од Битола.

Тој бил баран по централна потерница за издржување затворска казна.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »