Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола заедно со директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски свечено го отворија новиот мултинаменски простор каде што младите луѓе, но и сите генерации, ќе може да се среќаваат, да учат, да се унапредуваат, да стекнуваат нови пријатели. Новиот библиотечен простор, во светот препознаен како „Community hub“, се отвора во согласност со заложбите на Светската организација на библиотеки (ИФЛА), со поддршка од Министерството за култура.
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на настанот по повод промоцијата на просторот, истакна дека уште од времето на прочуената Александриска библиотека, библиотеките се ризници на знаење, паметници на времето и просторот и чувари на пишаниот збор.
-Со векови се менувале нивната улога и значење, но секогаш во центарот биле книгата и корисникот, читателот. Денес современите библиотеки станаа семоќни извори на информации, мултифункционални простори за сите возрасти, со еден збор – библиотеките се за сите. Токму со оваа отвореност кон граѓаните може да се пофалат Битола и Битолската библиотека, каде што библиотекарската традиција има длабоки корени, а во 1860 година е отворено првото читалиште во овој град – рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека овој мултифункционален центар ќе понуди програми за квалитетно поминување на слободното време, литература за сечиј вкус, можности за истражување, дружење и социјална комуникација, но, пред се, ќе биде пријатно место за едукација и за размена на искуства. Моја лична цел е сите национални установи да бидат целосно отворени и насочени кон младите луѓе, но и кон другите, да ги отворат своите врати и токму преку вакви катчиња, секој да може да се почувствува дека е дома, во својата дневна соба – нагласи Костадиновска-Стојчевска и додаде:
-Хортикултурните библиотеки се нов тренд во библиотечното работење, нов концепт поддржан од Светската федерација на библиотеки и составен дел од „Агенда 2030“ на Обединетите нации, која промовира програми за развој на т.н. „паметни градови“ посветени на еколошки содржини. Битола е град во непосредна близина на Националниот парк „Пелистер“, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност. Токму поради тоа, од големо значење се заложбите на Битолската библиотека да го развива овој нов библиотечен концепт, институцијата да се стави во служба на граѓаните и одржување поубава околина за живеење преку најразлични работилници и проекти поврзани со хортикултурата − рече министерката за култура.
На настанот се обрати и Бојан Стефановски, директор на Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Битола кој рече:
-Конечно се исполни нашата визија, граѓаните не само на Битола туку и од другите градови да имаат можност своето време да го поминат на квалитетен начин. Овој простор освен за младите е наменет и за повозрасните, граѓаните од третото доба, маргинализираните групи и лицата со посебни потреби. Сите ќе имаат можност да ги користат содржините во оваа Дневна соба која се реализираше со поддршка на Министерството за култура-истакна директорот на Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Бојан Стефановски.
На библиотекарите од цела држава кои учествуваат во реализација на проектот „Мрежа на хортикултурни библиотеки“ им се обрати и координатор на проектот м-р Јелена Петровска.
Основачот на „Хортикултурната мрежа на библиотеки“, Мирко С. Марковиќ, од Србија, од градот Чајетина на Златибор одржа и предавање за улогата на современите библиотеки во заедницата со примери од светската практика а на министерката и директорот им подари симболични подароци.
На средбата стана збор и за воспоставување „Мрежа на хортикултурни библиотеки во Северна Македонија“, а Марковиќ одржа одлично предавање на кое рече дека повеќе не треба да патуваме низ светот за да дознаеме што е современа библиотека, доволно е да дојдеме во Битола.

“Дневна соба на градот“ нов мултинаменски простор во библиотеката (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- До пристапност со универзален дизајн: МОБИЛНОСТ Битола со дефиле на Широк Сокак и промоција на Прирачник за пристапен туризам
- Денес 32. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 46 точки, за кофинансирање, програми, вработувања, извештаи,
- Во Битола сончево со мала локална облачност, температурата до 25 степени
- Васко Мамучевски апсолутен победник на “Паљо Класик Опен“, Мери Акиевска победник во женска конкуренција во Битола (мегафотогалерија)
- Марија Додовска, 10 години “М ЕВЕНТ“: се сеќавам на почетоците… возбуда, трема, пеперутки во стомакот (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Црвен тепих, доделување награди, проекција на филмот “Лена и Владимир“ за крај на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола (мега фотогалерија)
- Работилница на Жан-Мари Дружу: многу од сцените во „Нотр дам гори“ се снимени во студио
- Со доделување награди и специјална златна “Камера 300“ завршува фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола
- Киноприкажувачите потпишаа Меморандум за вмрежување: Да ја вратиме публиката и да создаваме и едуцираме нова
- Франц Лустиг, кинематограферот на „Совршени денови“ од Битола: Со Вим Вендерс ги прикажуваме градовите онакви какви што се во моментот, на тој начин ги зачувуваме