ЈКП “Водовод“ од Битола им се извинуваме на корисниците и граѓаните, за прекинот во водоснабдувањето во реонот на градот каде се извршува изведување на завршни активности од проектот “Драгорска – профил 1А и 1Б“, односно оформување на два водоводни јазли, но екипите сеуште се на терен и работат на зафатот и покрај лошите временски услови.-Работните активности се во тек и се очекува доцна во ноќта да се нормализира водоснабдувањето. Во меѓувреме, граѓаните од овој дел на градот можат да обезбедат питка вода од цистерната на ЈКП “Водовод“ Битола, соопштија од “Водовод“.
Дежурни броеви за контакт : 072916964 и 072232119.