Press "Enter" to skip to content

Со концерт на Крсте Роџевски Центарот за култура Битола ја започна новата сезона

Новата сезона на Центарот за култура од Битола ја започна во голем стил, битолчани имаа ретка прилика да го слушаат  кадифениот глас на Крсте Роџевски, кок одржа целовечерен концерт во големата сала на Нарордиот театар Битола.Крсте Роџевски од Битола, но со њујоршка адреса, во својот роден град дојде со музика која е вистинска надреална мешавина која ја бруси со својот магичен глас, а биточани го нагрдија со голем аплауз.-Не почести со својот кадифен вокал, не разгали, не разнежни, ни приреди едно незаборавно музичко патување и уметничка радост. Битолчани имаат со што да се гордеат, рече Маја Андоновска Илиевски, директор на Центарот за култура Битола, по завршувањето на концертот на Крсте Роџевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »