Press "Enter" to skip to content

Голем роденденски билијард турнир на “Петчи и Панчо“ – Битола, победници домашниот пар, Илче Трајковски и Златко Ицаноски

Деновиве традиционално на Голема Богородица играчницата “Петчи и Панчо“ во Битола организира голем роденденски турнир кој се игра во парови, а се игра најпопуларната во светот игра “9 ка“. И овој пат на поканата на организаторите се пријави и учествуваше македонскиот билјардски крем и тоа во огромен број, вкупно 40 играчи иако турнирот се одржува вон сезона.-Се играше два дена, а концептот беше таков да во првиот ден не може да испадне никој па така во опуштена атмосфера сите играчи уживаа во играта, за да во недела започне вистинската борба за престижните пехари за победниците и медали за оние кои се на пиедесталот. Најдобри беа Илче Трајковски и Златко Ицаноски од Битола, искусен пар составен од “А“ дивизија играчи кои котираат во горниот дел на Табелата. Овој успех им беше потребен и на обајцата во пресрет на завршните два мастерси, како и Купот на Македонија и екипното првенство, вели Горан Дамевски, дел од организацијата на турнирот.Финалисти беа кичевската двојка Јаховски и Туфекџи, а добри игри прикажаа тетовчаните Самир и Мирсад како и Горан Думевски – Панчо со кавадарчанецот Лукревски.

-Турнирот помина во извонредна атмосфера и дружење, а големата посетеност е уште потврда дека билјардот во Битола е на вистинскиот пат и успесите стануваат неминовност. Секако на овој роденденски турнир не помина беа кетеринг и роденденската торта која ние како домаќини ги подготвивме, додава Думевски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »