Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за субакутен тироидитис – De Quarvain, за што вели:
-Thyreoiditis De Quervain e воспалително заболување на тироидната жлезда со непозната етиологија се претпоставува дека имаат улога вирусите (Adenom,Coxackie, Influenza).
Клиничка презентација е со нагло зголемување и оток на тироидната жлезда болна на палпација или спонтано со ирадијација кон лице, врат или граден кош,често со отежнато голтање и зголемена телесна температура и трески. Лабораториски има зголемено CRP и седиментација и леукоцитемија. Скенот е решавачки за поставување на дијагноза на кој штитната жлезда не се прикажува.
Лекувањето е со аналгетици антипиретици, кортико препарати додека антибиотиците се контраиндицирани.