Press "Enter" to skip to content

Богдан Радивојевиќ: Битола ќе има далеку најдобра атмосфера во Лигата на Шампиони

За три дена, во среда во Битола ќе започне ракометното лудило, а ако досега ракометото беше главна тема кога станува збор за спортот, сеге битолчани ќе уживаат во натпреварите на Лигата на Шампиони. Во Еурофарм Пелистер последно засилување е Богдан Радивојевиќ, кој пред десетина години со Флензбург беше европски првак.

За тоа како го очекува стартот на натпреварувањето пред битолската публика Радиволевиќ вели:

-Драго ми е што дојдов и што се приклучив кон екипата, за да се подготвиме за она што ни претстои. Имавме натпревари во Истанбул, со кои не сме задоволни и свесни сме дека некои работи мора да се поправат. За жал загубивме и на првиот важен натшревар против Вардар 1961 во Суперкупот. Лесно е сега да се биде паметен, сите знаевме каде грешевме и што треба да поправиме. Најмногу жалиме за навивачите што поминаа долг пат да нè поддржат, а не можевме да ги наградиме со победа. Сега напорно работиме за Колштад и да ја отвориме Лигата на шампионите со два бода.  На секој играч цел му е да игра во Лигата на шампионите. Имаме голема шанса да направиме нешто големо, а за тоа каква атмосфета очекува во Битола додаваа:

-Овој град и оваа земја живеат за ракометот и тоа сите го гледаме и мора да го почитуваме. Потпишувам дека ќе имаме далеку најдобра атмосфера на натпреварите и тоа треба да го искористиме и мора да научиме да се носиме со притисокот. Да го пренесеме тој притисок на позитива, а не да се уплашиме. Имаме далеку најдобри навивачи во Лигата на шампионите и тоа мора да го искористиме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »