Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски капитен на Еурофарм Пелистер: имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме во Битола

Утре во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го одиграат првиот натпревар во Лигата на Шампионите оваа сезона, а полека се проведуваат при крај сите подготовки, како на организациски, така и на тактички план како да се одигра против екипата на Колштад од Норвешка.

Капитенот на екипата Жарко Пешевски зборува со комплименти за утрешниот противник и вели:

-Емоцијата може да биде проблем, но може да ти даде и некоја посебна сила за да бидеш подобар и посмирен од противникот, да му зададеш удар и да се радуваш на крајот. Играме против супер екипа како Колштад. Норвежаните негуваат агресивен и динамичен ракомет. Гостуваат во Битола и ние ќе направиме сè да им ја отежнеме работата. Се работи за тим составен од повеќе норвешки репрезентативци, на чело со Сагосен. Тој, Род и двајцата голмани се лидери во тимот. Имаат искалена агресивна одбрана, за која со видео анализи треба добро да се спремиме да ги пробиеме. Ако сè оди по планот, имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме.  Мислам дека ова наше место ни е заслужено како шампиони на Македонија по осумнаесет години. Ние и фановите треба заедно добро да се поставиме и ќе бидеме светла точка која гордо ќе ја претстави Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »