Денес во Битола во салата “Боро Чурлевски“ екипата на Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер старува премиерното издание во новата сезона во Лигата на шампионите, а днешниот ден ќе биде за комплетно исполнување на барањата на ЕХФ за европските ракометни стандарди, кои ќе се реалзизирани.
Екипата на Колштад од Норвешка ќе биде првиот тим кој ќе настапи во Битола, а како и “Пелистерци“ и тое вчера го имаа последниот тренинг.
Тренерите на Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ и Ѕвонко Шундовски по долго време ќе ги имаат на располагање сите ракометари и во полн состав ќе играат во Битола. Јовиќ пред овој дуел испрати јасна порака до навивачите дека нема да бидат разочарани и дека сите грешки од минатото ќе бидат поправени.
-Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад гаи екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреварувањеме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се подготвуваме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализиравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците. За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите.