Press "Enter" to skip to content

Пораз во Битола на Еурофарм Пелистер на стартот на Лигата на Шампионите (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер -Колштад 22:31 (10:16)

На стартот на ракометната Лига на Шампиони во Битола екипата на Еурфарм Пелистер е убадливо поразена од норвешкиот шампион екипта на Колштад со резултат 22:31, полувреме 10:16. Норвешки гигант во Битола покажа како се игра модерен ракомет, а над сето тоа го имаше иодличниот голман Бергеруд, кој помогна да дојдат до победа со +9 голови.Екипата на Еурофарм Пелистер започна без репрезентативците Павле и Петар Атанасијевиќ, голманот Кизиќ и Емилијан, а тимот од Норвешка репрезентативецот Маркус Руд. По изедначената игра на стартот на натпреварот, норвежаните се одлепија на 1:4, па следувапе ран тајм-аут за Јовиќ. “Пелустерци“ го разбранија, запишуваше одбрани и со негова помош Колштад дојде од  1:7. Кисум и Радивојевиќ погодија но тоа беше малку за нешто повеќе од 4:12. На крајот на полувремето, на одмор се замина со 10:16.И во вториот дел се продолжи како во првиот дел. Ракометарите на Колштад одржуваа голема предност.  Со головите на Радивојевиќ од пенал и Борзаш од девет метри, “пелистерци“ дојдоа на -6 во 20. минута. Колштад се врати на +8 и дојде лесно до првите бодови.Најефикасен играч во  Еурофарм Пелистер беше Радивојевиќ со шест, а четири  Цехте. Голманот Тобјорн Бергеруд имаше 21 интервенција.Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува во Данска, а противни му е екипата на Алборг.