Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарен “голф“, 17 годишник со “априлиа“ повредил 62 годишен пешак

На 14.09.2023 околу 01.37 часот во СВР Битола било пријавено дека во дворно место на ул.„Дебарска“ било опожарено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на 49 годишник од Битола. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Битола.

На 13.09.2023 во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул. „21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешак на возраст од 62 години. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »