Press "Enter" to skip to content

Концертот на Камерниот оркестар од Битола “MTV 80s & 90s: The Greatest Hits“ времеплов и воодушевување за музичката публика (видео + мега фотогалерија)

Синоќа незаборавен концерт во Центарот на култура во Битола насловен како “MTV 80s & 90s: The Greatest Hits“, преку кој на еден магичен начин, низ музика, како времеплов ги одведе присутните назад, во времето на најдобрите хитови, и ги оживеа златните моменти на 80-тите и 90-тите години од дваесетиот век, кога беше екстра популарен овој светски музички канал низ целата планета. Во тој период музиката се следеше на телевизискиот “Music MTV chanel“ на кој 24 часа музички хитови нудеа бескраен свет на музика и емоции, а овој музички канал ја одбележа музиката на тие децении преку популарните музички спотови.Музичкиот времеплов  “MTV 80s & 90s: The Greatest Hits“ траеше два часа, а низ звуците на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect, предводен од диригентот маестро Владимир Димовски, и изведувачите Love Itoya, Агни Авшар, Ирена Димовска – Памперс, Ана Петановска, Александра Трајческа, Рената Кралевска, Кики Плиш, Марија Цветановска, како и поп рок хорот  “Битвокс“ предводен од Марина Коруновска. 

Балетските играчи при Национална опера и балет, само ја надополнија целата атмосфера, а повторно се докажа  дека музиката е вечна, а добрите хитови никогаш не се надминати.Прекрасните вокали на изведувачите кои со силни емоции ги пееја познатите хитови  ги воодушевија присутните, а тие ги наградуваа со силен аплауз.

Уште еднаш, како и претходно многу пати, се докажа дека добрата музика без оглед од кој период е создадена допира и буди емоциии кај публиката.Во публиката во Центартот за култура во Битола атмосфера за време на целиот концерт беш магична, некој се врати во својата младост, помладата генерација исто така ја почуствува оваа незаборавна музика со која живеја, пееја и играа пред 40-тина години.Концертот кој ја отвори оваа концертна сезона в0 Центарот за култура ќе остане запаметен како еден од најпосетените настани оваа година, каде Камерниот Оркестар на Битола ⋮IWConnect се претстави во своето најдобро светло, носејќи не на музичко патување низ декадите исполнети со неповторливи хитови.Салата на Центар за култура Битола, зрачеше од енергијата на многубројната публика која со нетрпение очекуваше повторно да ја доживее магијата на 80-тите и 90-тите. Настанот предизвика голем интерес уште претходно и се бараше карта повеќе.За тоа допринесоа досегашните успешни настапи на Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect, а овој пат надополнет како и претходи со квалитетените вокали на изведувачите и секако музиката и духот на 80-тите и 90-тите.Синоќа, секој присутен можеше да почувствува дека е дел од нешто посебно, дел од вечер која ги преплете најубавите стихови во една незаборавна симфонија. MTV 80s & 90s: The Greatest Hits ќе остане како концерт кој ја разбуди носталгијата и нè потсети на вистинската магија на музиката.Поради големата заинтересираност за концертот, организаторите – Камерен Оркестар на Битола ⋮IWConnect најавуваат реприза на овој концерт во Битола во периодот што следи.

Текст: Жанета Ристевска

Фото и видео: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »