Синоќа, во хотел “Епинал“ во Битола Стопанска Банка АД Битола на свечен начин и со многу гости одбележа 75 години постоење, банка која 75 години ја ткае традицијата на внимателност, доверливост, квалитет и посветеност кои го потврдуваат идентитетот на банката и се доказ за трајното значење на банката во целото општество и во заедницата.-Традицијата не е само поглед во минатото. Традицијата е во препознавање на вредностите кои ги создаваме и кои се основа на нашиот успех. Традицијата е и во довербата која ја добиваме од нашите клиенти и посветеноста на нашите вработени. Во современиот свет во кој живееме важноста на традицијата лежи во способноста да обезбеди стабилност во морето на постојани промени, нешто кое кое Стопанска банка АД Битола го прави сите овие изминати 75 години. Тоа е основата во која градиме иновативни решенија, се прилагодуваме на новите технологии и се стремиме во заедничка и одржлива иднина, беше речено на свеченоста, на која беше кажано и дека банката останува верна на нивните основни принципи на постоење.
На свеченоста беше соопштена иницијативата на Стопанска Банка АД Битола, по повод големиот јубиле да подигне споменик на неповторливиот Јонче Христовски, музичкиот маестро, душевен раскажувач, со глас кој е ехо на срцето и душата на нашиот народ, за неговиот придонес во македонската народна музика, за песните кои и денеска се дел од нашето секојдневие.
-Им се заблагодаруваме на семејство на Јонче Христовки за согласноста која ја дадоа, како и на Советот на Општина Битола за едногласна усвоената одлука, беше речено, а членот на Управниот одбор на банката, Гордана Балтовска, рече дека нашиот сограѓанин Јонче Христовски тоа го заслужува, а секако и Битола.
Во своето обраќање пред присутните Гордана Балтовска зборуваше за историја на Стопанска Банка АД Битола рече:
-Посебно ме прави среќна тоа што сум тука заедно со сите вас во Битола, најопеанит град на Балканот, градот на конзулите и клавирите каде што точно пред 75 години почна нашата историја, во далечната 1948 година каде што банката започна со својата историја како Комунална банка. Кога тогашните освовачи, идејни творци, започнаа не ги имаа ресурсите кои ги имаме ние сега, но тргнаа со идеја, со јасна цел и ги совладуваа предизвиците со кои што се соочуваа, со мудрост, а не со среќа. Напредуваа со храброст и одлучност, а не со сила. Сигурно не им било лесно, а уште помалку да се поминува во трансформација на една банка согласно со законската регулатива, до она што се денес, независна, стабилна финансиска институција Стопанска банка АД Битола. Сето тоа е наследство за нас, банкарите на Стопанска банка АД Битола.
-Стопанска банка АД Битола беше финансиер на сите инвестициски проекти за развој на инфраструктурата во градот, индустријализиција, земјоделието и туризмот. Резултатите од тоа се видливи, живееме во град во кој ќе живеат и следните генерации, додаде Балтова.
Стопанска банка АД Битола од банка со една основна единица во Битола прерасна во банка со дваесет експозитури, деловен бизнис центар во Скопје, централа во Битола, со 220 вработени и банка со 125 илјади клиенти, банка со висока доверба.
На свеченоста беа доделени благодарници за доверба во банката, за три физички лица кои користеле услуги на физички лица комплетно, на нивните семејства, компании и во банката ги остварувале сите можни трансакции, сите кредитни и депозитни производи. Тоа се Сашо Јанакиевски, Јонче Крстевски и Борче Стојановски, кој и се заблагодари во име на тројцата, им го честита јубилејот и го поздрави целиот тим кој му давал насоки во одлуките кои ги носел.
Благодарници добија и компании кои сите финансики одлуки го донесувале со помош на банката и консултации, а тоа се Фабриката за квасец и алкохол, АД “Димко Митрев“ од Велес – крзнена индустрија и “Б и Б Уником“ од Прилеп – дистрибутер на СКФ компанијата.
На свеноста забавиот дел им беше доделен на Калиопи и Владо Јаневски кои со својат настап ја збогатија програмата за прославата за големиот јубиеј на Стопанска банка АД Битола.
Текст и фото: Сашо Ристевски