Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдена дрога, се точело алкохол на малолетници… откриено во контрола во угостителски објекти

На 15/16.09.2023 во периодот од 23:30 до 02:10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола  во угостителски објекти, при  што во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници после полноќ, од кои 18 консумирале алкохол. Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.

На 15.09.2023 во 22.15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола  лишиле од слобода две лица 31 годишна жен од Скопје и 22 годишник од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.

По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.