Press "Enter" to skip to content

Алпски викенд за членовите на PELXTR-Pelister од Битола, учество на трки во Словенија и Швајцарија (фотогалерија)

-Дефинитивно може да каже дека за прв пат не само Битола, туку и Македонија имаше толку учесници под едно име на меѓународна трка, а покрај тоа и најмладите учесници досега, а не беа само за забава, имаа и три пиедестали.

По одличната организација на четирите трки, од кои една детска на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во Битола, деновиве членови на клубот PELXTR од Битола се појавија како тркачи на неколку трки кои се одржаа на Алпите. PELXTR- Pelister Xtreme Trail Running, како тим настапи на трки во Швајварија и Словенија, а трчаа десет тркачи од Македонија, а на тимот како нивни член се појави и Елдин Хоџиќ од Швајцарија, кои на битолчани им е познат како еден од фаворитите за медал на Пелистерскиот маратон.

-Во Словенија настапивме трки во различни должини, 25 и на 100 километри и веднаш да кажам дека Тања Велјановска освои 3. место во нејзината старосна категориа на 100 километри. Трките беа во Крањска Гора, на “Julian Alps Trail“. Другите четворица беа на 25 километри и завршија очекувано сите заедно и стигнаа во цел во иста секунда. Тие трките се дел од “UTMB-Ultra Trail Mont Blanc“ серија. Ова беше за прв пат од Битола имавме толку уцесниците во планинското трчање до сега, вели Ненад Лазик од PELXTR- Pelister Xtreme Trail Running. По трките во Словенија битолската ултра траил експедиција продолжи во Швајцарија каде се одржа планински марарон, за што Лазиќ вели:

-Втората трка на која учествувавме се држа во Швајцарија. Јас и Саша Грбиќ трчавме на најстариот планински маратон, мајка на сите планински трки, кој веќе 30 година постои со повеќе од 4.000 учесниците од 78 земји.  Трчавме “Jungfrau Marathon“, оригинал маратон, 42 километри, (2000 д+) со старт во Interlaken, а цел испод Eiger Nordwand и завршивме во средина како и што очекувавме, поради краткото време кое го имавме за тренинг, непто повече од еден месец, поради големите обврски околу организација на нашата битолска PUTM трка. Машката екипа ја сочинуваа уште и Антонио Ивановски, Дејан Лазаревски, Ратко Мирчевски и Валентин Митровски. На оваа трка настапија и најмладите битолчанки кои некогаш настапиле на оваа трка, а тоа беа Софија и Катарина Лазиќ на 200 метри во категорија помлади од 6 години. Од околу 40 такмичарки во женска конкуренција освоија 2. и 3. место, со задоцнување од само 30 стотинки на победничката.

Како дел од оваа алпска трајал маратон експедиција беше и Вијолета Ристевска – Лазиќ кока го предводеше тимот за поддршка во кој беа македонски и швајцарски пријатели, која е дел од тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, која беше логостика на сите тркачи, но таа беше и промотор на битолската трка за идната година, а со тоа и со некои претходни активности веќе ја најавија трката во 2024 година. -Нашата мисија е да го запалиме огнот и следниот пат да бидеме уште побројни, ни рекоа на крајот Ненад, Сашо, Вики и останатите во екипата.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »