Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: загина 42 годишен возач на “клио“, излетал од патот Битола-Меџитлија

На 16.09.2023 околу 21.40 часот на патниот правец А3 Битола-граничен премин „Меџитлија“ во близина на крстосница со пат за село Породин кон Меџитлија, патничко моторно возило „рено клио“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 42 годишен жител од село Кравари, битолско, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на лице место починал возачот

Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

 

More from ВестиMore posts in Вести »