-Само што се отвори фабриката за автомобилски кабли “Кронберг и Шуберт“, која се наоѓа во индустриската зона “Жабени“ во Битола, фабриката ги отвори вратите и прими стотина деца од дестката градинка “Естраја Овадија Мара“ од Битола, и со тоа уште стартот на своето работење покажа дека ќе биде општествено одговорна компанија, а тоа го докажува секој ден, помагајќи многу настани и случувања во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Поводот за посетата на градинката беше денот на таткото, а децата заедно со своите воспитувачи и наставници беа одлично пречекани од вработените во “Кронберг и Шуберт“, кои најпрво им ги покажаа производствените погони на фабриката и да видат што се работи во погоните на новоотворена фабрика.
По посетата сите деца во фабриката имаа заедничко дружење со вработените во кантината каде децата цртаа, а добија на подарок и фотографии на автомобили за кои фабриката изработува делови.
Децата на вработените им се заблагодарија со тоа што им испеаја неколку песнички, а посетата заврши со ручекот кој го организираа вработените, кои на крај и поделија и подароци на дечињата.

Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
- Мото собир во Битола во организација на МК Конзули, овој пат во градскиот парк (фотогалерија)
- СВР Битола: украинка со престој во Битола со “киа“ повреди пешак
- Фото вест: новинарот Димче Миновски го прослави 84 роденден
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад врз обезбедувач во казино, малолетничко насилство, битолчанка пријавила лице кое се соблакувало пред неа
- Во Битола денес започнува првиот фестивал посветен на чалгијата, пајтонско дефиле во 18 часот
- Општина Битола: дежурства на инспекторатот и за неработни денови и викенди
- Во Битола сончево, попладне можност за нестабилност, температурата до 30 степени
- На 16 седници, 14 редовни и 2 вонредни, советниците имале 475 дискуции, донеле 171 одлука…










