Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со пораз ја отвори Супер лигата, пораз од Вардар во Скопје

Вардар – Еурофарм Пелистер 30:25 (15:12)

Прво коло од Супер лигата за Еурофарм Пелистер од Битола и пораз на стартот од екипата на Вардар во “Јане Сандански“ во Скопје, во натпревар во кој скопјаните имаа водство во текот на целиот натпревар, а “пелистерци“ уепеаја само да дојдат до -2. Вардар победи со 30:25, полувреме 15:12. 

Во тимот на Еурофарм Пелистер, ги немаше Нилсен, Петровиќ, Сери и Стевановиќ, поради ограничувањето на бројот на странци во домашниот шампионат.

Натпреварот започна со водство на Вардар, а до скоро половина прво полувреме Еурофарм Пелистер постигна само 2 гола, а резултатот беше 6:2. Потоа беше 8:3, 10:7,  а скопјани со +3 го завршија првиот дел 15:12.

Во второто полувреме Вардар продолжи како и во првото и дојде до +6 (19:13). Потоа следуваа минути на “пелистерци“, солидна игра во одбрана и напад и резулстатски се вратија, а на семафорпт беше 22:20. И до крајот Еурофарм Пелистер дојде повторно на -2, но во последните минути не издржаа и Вардар дојде до повисока предост и победа од +5 гола, 30:25.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер, Урош Борзаш со 6 гола и Цветан Кузманоски и Ненад Костески со 5.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »