Кожув – Пелистер 3:2 (0:0)
Во рамките на 5. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на Пелистер од Битола гостуваше во Гевгелија каде го играше дерби натпреварот против екипата на Кожув, која беше лидер на табелата.
Дербито заврши со победа на Кожув со резултат 3:2, откако полувремето заврши без голови.
Головите за Пелистер ги постигнаа Благој Љамчевски од пенал и Спирковски.
По пет кола екипата на Кожув остана лидер на табелата со 15 бодови, Пелистер е на 4. место со 10 бода. На второ место е екипата на Детонит со 13, а на трето е Беса со 12 бодови.
Во наредното 6. коло екипата на Пелистер ќе и биде домаќин на екипата на Караорман, натпреварот ќе се игра, сабота, 23 септември.