Press "Enter" to skip to content

Пругата кај Беранци, Могила, на повеќе ја оштети пожар, возот не поминува

Регионалниот ЦУК Битола извести дека при пожарот во атарот село Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места, по информација  добиена од ТППЕ-Битола.

Дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“. По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.