-Паметните телефони треба да се забранат во училиштата, а тоа ќе придонесе да спречи попречување на наставата на часовите, да се поправи учењето, концентрација за време на часот. Но, и заштита од сајбернасилство. Тоа го пишува во извештајот на Унеско.
Последните години постои голем проблем паметни телефони во училиште, на час. Сите училишта во кодексот на однесување ја имаат таа забрана. Но, сепак ако телефоните се достапни до децата, мала е веројатноста дека нема да го имаат вниманието на учениците и нама да ги употребат.
Забрана воопшто и де не се носат во училиште е тешко да се воведе. Потребна е согласност од сите чинители, а гимназијата “Јосип Броз Тито“ ја воведе таа мерка. На својата официјална веб станица нипишаа:
-Има време и за мобилни телефони, но на училиште, најважен е часот и предавањето на наставникот. Со одлука на Наставнички совет, сите ученици и наставници задолжително ги оставаат своите мобилни телефони во кутиите со прегради кои ги набавивме специјално за таа намена. Секако дека за време на одморите можат да се користат. Вниманието и вклучувањето во часот се приоритет. Со оваа одлука се надеваме и очекуваме да се подобри вниманието и концентрацијата на часот, да се подобри училишниот успех на учениците но и да се намали употребата и зрачењето на мобилните телефони во секојдневието.
Инаку, податоците говорат дека децата, тинејџерите ги косристат мобилните телефони и повеќе од 6 до 8 часа дневно. Правилно е дека се потребни 8 часа сон, потоа 7 часа учениците поминуваат во училиште и дел од активности други во денот. Ова значи дека добар дел од своето слободно време го поминуваат на телефон, но и го скратуваат својот сон. За тоа зборува и информации од родители дека децата „седат“ на телфон до утрински часови со употреба на социјални межи, вајбер чет групи…
Според податоци од истражувања 90 проценти од децата своето слободно време го поминуваат со мобилни телефони. Намалена концентрација, емпатија, децата се одсутни и не ги интересира учење и читање книга. Заради вакви загрижувачки податоци, добро е барем да се регулира забраната за користење на паметните телефоните во училиште.
За забрана на употреба на телефони во регионот и Европа се вели:
-Новиот закон во Франција е чекор во прав смер. Тој нема врска со потребата децата да го совладаат процесот на дигитализација- под контролирани услови, бидејќи користењето на технологија како компјутери, паметни телефони за поквалитетна настава е пожелно. Но во основните училишта и првите години на средно училиште, мобилните телефони се еден од причините заради кои децата послабо се концентрираат, пасивни се, не се движат, дружат.
Заради тоа треба да се размисли за француската иницијатива.
-Во повеќе училишта во регионот е забрането да се користат мобилни телефони во текот на часовите, големи и мали одмори. Д-р Ранко Рајовиќ во оваа насока кажа „Забараната можеби нема да ги реши сите проблеми, како одсуство на концентрација, сајабер и врсничко насилство кај децата, но е добар пат кон тоа.
(За зависност од употреба на технологија, мобилни телефони и нивно штетно влијание објави во рубрика „Совети од психолог“ wwwbitolanews.mk)
Ж.Р.