На голема радост на најмладите, во општина Битола, се работи на создавање нови детски катчиња за игра и рекреација.
Проектот во вредност од 4.600.000 денари го реализира Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, со средства обезбедени од Бирото за рамномерен регионален развој.
Завршени се работните активности во населбата “Карпош“, веќе се работи на новиот парк кај ОУ “Климент Охридски“, а идната недела планирано е да започне уредувањето на детскиот парк и во Долно Оризари.