Здруженито “Сумнал“ од Битола е дел од проектот „Ромски школи за феминизам и лидерство во Европа: обука на ромски тренери за вклучување на млади ромки“.
-Младите жени ромки се соочуваат со социјална исклученост на дневна основа, неможејќи да постигнат целосна инклузија, особено во многу делови на Европа. Уривањето на овие бариери бара специфична обука за лидерство, зајакнување и самодоверба, но во моментот нема училишта за тоа. Така, партнерските организации предлаат иновативен виртуелен систем за обука на тренери роми за да се создаде мрежа која ги исполнува барањата на секоја жена ромка во Европа, вели Фатма Бајрам Аземовска, од “Сумнал“, која додава:
-“Сумнал“ заедно со останатите партнери во проектот моментално работи на креирање на програма и едукативни материјали на теми поврзани со лидерството и феминизмот.
Координатор на проектот е шпанската организација Феминистичко ромско здружение за различност – Asociación Gitanas Feministas por la Diversidad, а партнери освен од Шпанија и „Сумнал“ од Северна Македонија се и организации од Романија, Португалија, Германија, Италија и Србија. Проектот е финасиран од Шпанската национална агенција преку програмата на Еразмус + на Европската Унија.