Press "Enter" to skip to content

Александар Јовиќ, тренер на Еурофарм Пелистер: да го подобриме впечатокот од првото коло

По поразот во првото коло од Лигата на Шампиони пред една седмица во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер денес, во Данска гостува на нивиот шамоион Аборг. На прес-конференцијата се обрати тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, кој рече:

-Алборг е екипа која пред две сезони играше финале во Лигата на шампионите. Ова ни е втор натпревар каде што треба да играме против добро позната скандинавска школа. Мислам дека нè очекува тешка пресметка, ама ние ќе дадеме сè од себе за достојно да го репрезентираме Еурофарм Пелистер и достојно да се претставиме во Алборг.  Екипата на Алборг е засилена со мега-ѕвездите Хансен и Ландин. Доста се воиграни и навистина нè очекува тешка мисија. Ќе направиме сè за да го подобриме впечатокот од првото коло во Лигата на шампионите“, изјави Јовиќ.

Натпреварот меѓу Алборг и Еурофарм Пелистер се игра денес, од 20:45 часот.

More from СпортMore posts in Спорт »