Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер немоќен против Алборн, со пораз во Данска се враќа во Битола

Алборг – Еурофарм Пелистер 38:23 (18:10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола во второто коло од групната фаза на Лигата на Шапмпионите го доживеаа и вториот пораз. Поразени се од шампионот на Данска, екипата на Алборн со резултат 38:23, полувреме

“Пелистерци“ на ова прв гостување во Лигата на Шампиони парираа првите петнаесетина минути, кога играа мирно долги напади, а имаа и 2:4. Алборг со серија 3:0 дојде до 5:4. Еурофарм Пелистер израмни на 6:6, 8:8, а следуваа нови 3:0 за данците за 11:8, а на одмор се отиде со 18:10.

Во второто полувреме за десетина минути беше 28:14, а потоа до крајот се беше во знак на домаќинот до конечните 38:23.

Најефикасен кај “пелистерци“ беше Павле Петровиќ со седум гола, Тајник постигна четири, а Кузманоски три гола. 

Еурофарм Пелистер идната седмица во Битола го пречекува германски Кил.

More from СпортMore posts in Спорт »