-Денес Студенсткиот инфорамтивен центар на УКЛО Битола беше средиште на бројни активности во рамки на Европската недела на мобилност (EMW-European Mobility Week).
Со повеќе интерактивни настани и анимации УКЛО и студентите како организатори учествуваа во целодневна манифестација што ќе се заокружи на 22 септември 2023 г. во Градски парк Битола. Одржана е друштвена игра „УКЛО ЕКО – УКЛО ВЕЛО, “презентација „Велосипедски сообраќај“, симулација на прва помош при несреќа со велосипед, претставена е темата „Превенција од ученичко претстапништво во поглед на правото за мобилност“ и изработен е мурал за подигање на свеста за алтарнативните средства за сообраќај, труд од млади волонтери, студенти и младинскиот работник Јовче Крстески од Имка.
Студентите на УКЛО и Клубот за одржливо живеење на УКЛО (STUDENTS SUSTAINABILITY CLUB) добија еден велосипед, донација од МААА-Македонско-Американската алумни асоцијација.
Бројните активности на студентите успешно се одржани благодарение на пријатели на УКЛО, а поддржувачите и учесници на настанот беа Europe House Bitola Podcast Corner и Американското катче Битола.
Со сите нив, според проректорката Јасмина Буневска Талевска, УКЛО успеа да допре до младите луѓе, да покаже што може да им пониди и на другите возрасти воопшто и да ја демонстрира својата улога во заедницата.
Првиот целодневен настан е заокружен со дружење и вмрежување за јакнење на јавната свест за поголема безбедност и одржлива мобилност како дел од широката кампања за формирање здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност кои позитивно влијаат на здравјето и околината.