Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево до умерена облачност

Денес, четврток, 21 септември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен, претежно југозападен ветер. Температурата во Битола до 28 степени.

Утре, петок, 22 септември, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој краткотрајно ќе засилува и ќе е претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 28 степени.