СВР Битола ги известува граѓаните дека денес, четврток, 21.09.2023 со почеток од 08.00 до околу 12.00 часот на место викано „Билбил Камен”, битолско ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на полицијата.
Се замолуваат граѓаните во наведениот период да не се движат во тој реон, односно во непосредна близина на стрелиштето.