На едно место, со заедничка активност во Градскиот парк во Битола, се одржа масовен настан под мотото “ДЕН ЗА ВЕЛОСИПЕД”, а УКЛО со свои студенти учествуваше во завршните активности во рамки на Европската недела на мобилност (EMW-European Mobility Week). Во активноста, на студентите од УКЛО им се приклучија ученици од училишните сообраќајни единици од основните училишта и гимназијалци.
Со нивниот личен пример тие се вклучија во подигање на свеста за користење алтарнативни средства за сообраќај и помогнаа во јакнење на пошироката кампања: да се фаворизираат немоторизираните начини на транспорт и сообраќај со што се постигнува поголема безбедност и поголема сообраќајна култура.
Градоначалникот Тони Коњановски изрази целосна поддршка на Европската недела на мобилност.
-Токму во таа насока се сите активности што како локална самоуправа ги преземаме, но и преку проектот што го предложивме до Советот на Општина Битола за велосипедските патеки и реконструкција на тротоарите а сето тоа е во склоп на она што граѓаните го бараат. Сите политички партии имавме иста заложба во предизборието бидејќи на Битола му е потребна мобилност на ваков начин и да се овозможи простор и за пешаците и за велосипедистите,рече градоначалникот Коњановски.
-Како Министерство за внатрешни работи преку Секторот за внатрешни работи Битола и останатите сектори во Министерството ја одбележуваме оваа Европска недела на мобилност. Главната цел ни е да ги фаворизираме немоторизираните начини на транспорт низ градовите, со што би се постигнала поголема сообраќајна култура, побезбеден и поевтин сообраќај во Битола. СВР Битола со низа активности во континуитет ја подигнува сообраќајната култура во градот, пред сè преку едукативни настани што ги организираме за најмладите учесници во сообраќајот успеваме да ја промениме свеста и од најмлада возраст да фаворизираме помалку автомобили а повеќе алтернативни начини како велосипеди, тротинети, за поздрава и почиста животна средина и побезбеден сообраќај во Битола-вели Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Интересниот настан е заокружен со доделување пофалници и благодарници, а целата програма беше збогатена со друштвени игри и забава.
Како што е познато, бројните активности во рамки на Европската недела на мобилност започнаа на 21 септември 2023 г. Тие се успешно одржани благодарение на пријатели на УКЛО и поддржувачите и учесници на настанот.
УКЛО во EMW учествува по шести пат и прв пат како организатор за омасовување и сензибилизација на идејата за мобилност во сообраќајот кај студентите и другите учесници.

Заокружени активностите за Европската недела на мобилност (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
- СВР Битола: ноќеска санкционирани 22 возачи под дејство на алкохол