Екипата на Пелистер Таскфорс од Битола полека го пополнува тимот за наредната сезона во која че настапува во домашното првенство и АБА2 лигата. Пелистер Таскфорс потрди дека го потпиша американскиот кошаркар, Ренди Брумант, кој ќе игра на крилните позиции.
Брумант е роден во 1998 година во Хјустон, последната сезона ја мина во европската кошарка каде играше за романски Таргу Џиу, а за кој имаше завидна статистика, со 15,9 поени, 4,7 скока и 4,4 асистенции по меч.
Ренди Брумант ќе биде третиот Американец во таборот на „зелените“ за новата сезона, откако претходно пристигнаа Малком Бернард и Кристијан Банди од САД. Ламан Норман Џуниор кој не ги оправда очекувањата и не е повеќе во тимот.
Пелистер Таскфорс за оваа сезона потпиша и со тројца македонски кошаркари, Александар Костоски, Амар Хот и Лука Стојановски.