Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Караорман во Битола, по два гола на Христов и Љамчевски

Пелистер – Караорман 4:1 (2:1)

Фудбалерите на Пелистер во рамките на 6.коло од Втората фудбалска лига во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ ја победи екипата на Караорман од Струга.

“Пелистерци“ рано, имаа шок кога  уште на отворањето на натпреварот, во 6. минута од натпреварот Караорман поведе со 0:1. Потоа Пелистер преку Христов израмни на 1:1. Во 38 минута Пелистер поведе со 2:1 со голот од пенал кој го реализира капитенот Љамчевски.

Во второто полувреме во 56. минута втор гол на Христов за 3:1, а конечниот резултат 4:1 го постигна Благојче Љамчевски, повторно од пенал.

По шест одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 3. место со 13 бодови. Лидер на табелата е екипата на Беса со 15 бода, колку што има и второпласирата екипа на Кожув.

Пелистер во 7, коло игра против екипата на Вардар Неготино во сабота.

More from СпортMore posts in Спорт »