Во организација на Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј во Битола заврши 11. по ред одбојкарски клуб кој се одигра во салата на Медициското училиште во Битола на кој улествуваа четири екипи. Покрај домаќинот учествуваа и прволигашите Јанта Волеј, Вардар ЕМ и Младост.На турнирот победник е екипата на Јанта Волеј, која во финалето го победи Пелистер Волеј со 2:0 во сетови. Претходно, во малото финале екипата на Вардар Ем од Скопје исто така со 2:0 ја совлада екипата на Младост УГД од Штип.
Во првото полуфинале Пелистер Волеј славеше над скопски Вардар Ем со 2:1 по сетови, додека Јанта Волеј славеше со 2:0 против штипјанки.
На турнирот прогласени беа победниците, а почестени бевме пехарите да ги додели претседателот на сојузот на спортови на град Битола, Сашко Павловски, а беа доделини и поединечните признанија на одбојкарките:
За MVP на турнирот прогласена беше Мери Бошковска од Јанта Волеј. Ивана Белокозовска – најдобар коректор, Ана Ицковска – најдобро либеро двете од Пелистер Волеј, Татјана Машковска – најдобар среден блокер, Бојана Маројевиќ – најдобар примач од Јанта Волеј и Теодора Шукуловска – најдобар техничар од Вардар ЕМ.За турнирот и за тоа како Пелистер Волеј ја пречекува новата сезона тренерот Роберт Митковски по завршувањето на турнирот рече:
-Прекрасна атмосфера како увертира на новата сезона и првенството кое треба да следи, а ова беше само првата проба за тоа на кое ниво се наоѓа екипата. Судејќи по прикажаното во првиот натпревар против екипата на Вардар, екипата покажа одлична форма, речиси сите совети беа испочитувани и доколку сето тоа го надградиме секако дека оваа млада екипа ќе има далеку поголеми резултати. Во вториот натпревар, односно финалето на турнирот, се чини дека влеговме со преголем респект кон противникот и тоа се покажа како слаба алка во играта, односно недоволно да се парира на така силен противник. Сепак, некои поени ни даваат за право да веруваме во себе и токму за тие поени вреди да се одиграат вакви силни натпревари, од кои можиме да стекнеме уште поголемо искуство и да ја подигнеме посакуваната форма пред почетокот на сезоната.