Press "Enter" to skip to content

Цветан Кузманоски: Кил има ракометари од светски рамки, верувам дека ќе дадеме максимум

Германски Кил од вчера е во Битола, а одработи и тренинг во салата “Боро Чурлевски“,  најдобриот тим во ланската сезона во Бундеслигата вечер ќе биде противник на македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер од Битола.

На прес-конференција натпреварот на “пелисѕерци“ против еден од најдобрите европски тимови го најави левото крило на битолчани, Цветан Кузманоски, кој рече:

-Сите знаеме каква екипа е Кил. Гледавме видео материјали, се обидовме да ги анализираме. Се надеваме на добра и борбена игра, без голем респект кон нив, иако имаат ракометари од светски рамки. Верувам дека ќе дадеме максимум и  тоа ќе ни донесе добар резултат. Добро отворивме против Алборг, но веројатно од неискуство дозволивме лесни голови и огромно заостанување. Имавме избрзани шутеви, пад на концентрација и сигурно неискуство, па Алборг дојде до убедлива победа. Кил е исто така нова екипа, сепак е септември и поразите во Бундеслигата се вообичаени.

More from СпортMore posts in Спорт »