Press "Enter" to skip to content

“Магнолија“ ја “запалија“, кортео по Широк Сокак, моќно навивање во сала… “Чкембари“ Битола го прославија 38. роденден (видео + мега фото галерија)

Како и најавија навивачката група “Чкембари“ од Битола, го прослави својот 38. роденден во нивни стил, со што покажаа дека се најдобрата навивачка група во Македонија.

Прославата започна со балкијада на плоштадот “Магнолија“ кој “гореше“, а потоа со кортео по Широк Сокак кое започна во 17,30 часот, се пееја навивачки песни, се вееја навивачките знамиња на сите подгрупи на “Чкембарите“ од “Ушици“, “Нова Битола“, “Карпош“…А глетката која беше единствена и незаборавна за битолчани и за филмаџиите кои се во Битола, беше фотографирана и снимена стотици пати и објавена на социјалните мрежи.

Во салата “Боро Чурлевски“ се активира навивачкиот вулкан, а се беше најавено со пеење на песната “Ако одам во Битола“ која ја испеаа Димитар Андоновски, а на самиот старт на натпреварот навивакиот дел беше покриен со големиот транспарент во чест на 38. роденден на “Чкембарите“.А дека атмосферата беше прекрасна беше речено и од страна на ракометарите на Кил и нивниот тренер кој ја доживеале онака како и беше најавено, како најдобра навивачка група и ракометна публика.Ако се во салата започна со “Ако одам во Битола“ во 59. минута од натпреварот, како и 38 години претходно се заврши со песната која ја опеа Битола низ светот, “Битола мој роден крај“ од легендарниот Ајри Демировски.И по последниот свиреж на судиите, навивачите беа со ракометарите, а награта за “Чкембарите“ е една, двојна титула оваа сезона во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »