Деновиве делгација од Шведска со претседателот на Фондацијата “Stiftelsen Brodet“, Лена Акерлунд заедно со хуманитарците Марија и Томас Росенгрен од хуманитарната организaција “Hand TilI hand“ донираа хуманитарна помош во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ од Битола со што ја продолжуваат својата мисија на хуманост во Битола.Тие ги посетија учениците и наставниците во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ кои беа вклучени во проектот „Хигиена“ од минатата година. Сите ученици добија таблети. Донација која им ја сподели Лена Акерлунд. Тоа беше и повод за разговор со Лена Акерлунд, претседател на Фондацијата Stiftelsen Brodet да поразговараме за нејзината хуманитарна работа.
Кажете ни повеќе за себе и Фондацијата.
-Јас сум Лена Акерлунд имам 79 години живеам во Стоклхолм Шведска. Работев и сега хонорарно работам како личен секретар, во администрација на една од најголемите банки, Комерцијална банка на Шведска во Стокхолм. Претседател сум на Фондацијата Stiftelsen Brodet. Таа е хуманитарна организација или во превод има значење „Фондација на лебот“. Самото име кажува за нејзината цел и хуманитарна мисија. Сите кои сме членови во оваа фондација, а не има повеќе и тоа пензионери, помагаме и донираме во земји од регионот на деца од социјално ранливи категории, деца со различни попречености, или некој хендикеп на вид, слух. Таа го оправдува значењето на името и последните 2 години исто така помагаме на деца кои заради војната пребегнале од Украина во различни земји од регионот. Тоа се Естонија, Молдавија, Полска… Помагаме во однос на се што може да им помогне на сите деца од ранливи категории. Особено за да добијат образование, кое е многу значајно за нив за да во иднина бидат независни и заработуваат за себе. Ќе набројам некои каде сме помогнале во повеќе наврати. Во Романија каде има многу ромско население кое заради лоши услови не може да се едуцира и посетува училиште. Во Индија сме донирале во училишта за слепи деца. Кажете повеќе за вашите донации во Битола Македонија. За вашата донација и проект со ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ од Битола заедно со шведската невладина организација “Hand Till Hand“, во што се состои таа?
-Во повеќе наврати од 2014 година кога ја започнавме соработката со хуманитарната органзиација „Hand TilL Hand“. Марија заедно со својот сопруг Томас низ поголем број проекти дониравме помош во Битола. „Hand TilL Hand“„Од рака на рака“ донирале и други многу средства со проекти во Битола и Македонија. Пред пандемијата беа реализирани неколку проекти во училиштето „Ѓорѓи Сугарев“. Еден од нив обезбедивме да имаат оброк деца од специјалните паралеки и деца од социјално ранливи категории. Одреден период заради корона кризата се прекина соработката. Но еве повторно заедно се вклучувивме во проектот „Хигиена“ кој започна 2022/23 година. Во проектот наречен едноставно “Хигиена“ се надоврза и едукација за промените кои се случуваат во пубертет и грижата за хигиената во тој период. На предлог од наставничките ние направивме проект за донација на хигиенски средства за социјално ранливи категории, од ромска националност. Тогаш беа споделени средтсва за хугиена и одржани предавања на теми пубертет, одржување на хигиенски навики.За оваа тема беше приклучена Адела Исова ученичка од 2 година во Средно медицинско училиште “Др Јован Калаузи“ – Битола. При што се направи проект од едукатиен карактер, а донацијата наша со хигиенски средства го дополни. Пред се заради материјалните можности на ранливите категории семејства. Во училиштето бевме многу убаво пречекани со настан органзиран од тимот од кои и тргна идејата за цел проект во училиштето. Тоа беа :наставници во 3 одделение Соња Крајчевска и Билјана Петковска, членови на стручна служба Валентина Петреска педагог и Марија Ковачевска психолог.
Сега повторно сме тука во училиштето меѓу овие прекрасни деца и тимот од училишето, со донацианја на таблети. Нашата соработка ќе продолжи и понатаму. Колку само е среќа кога ќе видиш дека сме помогнале на сите овие деца.Сакам посебно да се заблагодарам на Снежана Петровска од Општина Битола која многу ни помогна и овозможи да се реализираат овие проекти. Потоа изразувам благодарност до целиот тим од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ директор, наставници, стручна служба кои даваа конструктивни идеи за да се направи сето ова. Нашата Фондација „Stiftelsen Brodet“ хуманитарна организација или во превод има значење „Фондација на лебот“,заедно со „Hand Till Hand“ Марија и Томас Росенгрен ја продолжуваме со нашата хуманитарна мисија.
„За да бидеме сите среќни, не е потребно многу, едноставно сите нека бидат хумани, да помагаат на оние на кои им е потребна помош, а тогаш среќата ќе биде двојно поголема. Среќни ќе бидат оние на кои сте им помогнале, а и оние кои донирале, бидејќи нбидејќи направиле некој човек да биде“.(Марија Росенгрен)
Жанета Ристевска