Денес, понеделник, 2 октомври, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, вторник, 3 октомври, во Битола времето ќе биде утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Температурата во Битола до 24 степени.