Press "Enter" to skip to content

Осум денови поезија, музика, филм… заврши “На Кино па Олабај со Манаки ОФФ“ (фотогалерија)

-Изминатите осум денови КЦ “Магаза“ во Битола беше трансформирана во уметничка сцена обезбедувајќи интердисциплинарна програма.

-Нашата програма уште еднаш покажа дека Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е на битолчани, дека Битола може да направи топло добредојде и истовремено да ги истакне домашните потенцијали. Во мозаикот од настани се испрепелетија изложби, работилници (едукативни и инспиративни), промоции, книжевни муабети, стендап, проекции на документарни филмови и многу музика, вели Маја Ангеловска, дел од тимот на “На Кино па Олабај со Манаки ОФФ“.Започнувајќи со книжевните муабети со писателката Румена Бужарковска и едукативните работилници „Наследниците за Манаки“ кои беа наменети за средношколци ја започнавме програмата која секој нареден ден нè внесуваше во нова содржина. Изложбата на фотографии „Со љубов од Битола“ ни ја покажа убавината на градот истакнувајќи ги деталите на пресекот помеѓу традицијата и модерното, додека изложбата на фотографии спакована со инфо-кре работилница „Крај вардарот сесии“ ја разбуди креативноста кај младите дизајнери.Писателот Дејан Трајкоски во друштво на Бранислав Николов и Гоце Јованоски преку изведба на проектот „Реобмислување“ ја промовираа збирката „Филмски песни“Феминистичкото Stand up шоу со Софија Ристевска Петрушева и Никола Пројчевски проговори интимно за секојдневието, за ситуациите во кои е невозможно да не се препознаеш и да останиш рамнодушен. Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на Паркети започна со муабет, продолжи со рокенрол и заврши со преслушување на плочите во исклучително пријатниот амбиент во Слушачката соба. Во дворот на КЦ “Магаза“ за социјализацијата се погржи Гоблин со друштвените игриФилмското кабаре на Широк сокак овозможи филмската магија да не биде сконцентрирана исклучиво на „црвениот тепих“, фестивалот „Браќа Манаки“ да излезе надвор од протоколите и да се измеша со граѓаните на Битола.Во КЦ “Магаза“ беше опремен слушачки агол со Теохаров аудио систем каде што се реализираа аудио презентации на музика за филм, работилници, премиерни аудио презентации под знамето на TIME.SOUND.VISION, во соработка со Божиновски часовници и накит и Аудиокултура.-Ја завршивме програмата “На кино па олабај со Манаки Офф“ со настан и процес инспириран од еден сон. Овој пат крајот значи нов почеток. Изложбата „Јазична меморија“ во оваа форма е гласен почеток на уметницата, Сташа Божиновска, на патот на нејзиното творештво. Програмата ја реализиравме под мотото “На Кино па Олабај„ во рамките на проектот „Олабај“ чија цел е надополнување на фестивалските програми на дел од меѓународните фестивали во Битола и е поддржан од Министерство за култура на РСМ. На овој начин како град, како заедница, ставаме траен печат на историјата која ја испишува фестивалот Браќа Манаки, во иста мера како што тој остава во историјата на Битола, додава Маја Ангеловска, дел од тимот на “На Кино па Олабај со Манаки ОФФ“.