Синоќа во Битола, во свечената сала на Офицерски дом рамките на годинешното издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ се одржа концерт на пијанистот Андреа Турини од Италија.Турини пред публиката во преполната салакој ги изведе комплетните „Голдберг Варијации BWV 988“ од Јохан Себастијан Бах.
На концертот присуствуваа учениците од трета и четврта година, уметнички смер, од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, заедно со професорката по музичка уметност Емилија Ристевска – Стефановска.
Денес на програмата на фестивалот концертот на пијано дуо, Роберт Андрес од Хрватска и Онор О Хеа од Ирска со почеток во 20 часот во Офицерски дом.
Фото: Дамијана Ристевска