Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер до лесни бодови против Бутел во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бутел 39:19 (17:12)

Ако пред два часа “двојката“ на Еурофарм Пелистер во Битола забележа непланиран пораз од екипата на Аеродром, првиот тим не си дозволи таква грешка, туку рутински победи и прокнижи нови бодови преку убедлива победа која во ниту еден момент не беше загрозена, туку напротив се потврдуваше.Еурофарм Пелистер на домашниот терен во спорстаката сала “Боро Чурлевски“ победата ја најави уште од стартот со добра игра која ја спроведоа далеку поквалитетните ракометари. По првите 5:5 со серија од 4:0 за “пелистерци“, на семафорот беше 9:5, а на полувреме се отиде со 17:12.И во вториот дел се продолжи со одличната игра, но мора да се спомене и играта на Ненад Костески, кој играше добро во одбрана но и погодуваше во протизничкиот гол. Разбирливо по текот на играта најдобар стрелец кај “пелистерци“ беше Костески со седум, Радивојевиќ постигна шест, а Танкоски четири гола.